Екберг е скромен: Не се освојува трофеј со еден пенал!

254

Никлас Екбер е човекот кој после 20 години и донесе нова титулата на Шведска на Европските првенства, петта во историјата. Тој беше реализатор на седмерецот во финишот на дуелот со Шпанија, застана и ладно ја погоди мрежата на противникот.

Иако е херој, тој заслугата за златниот медал не си ја препишува само на себе. По финалето беше скромен.

„Не размислував за ништо кога стоев на линијата од седум метри. Остатокот од тимот направи направи да дојдеме до оваа оваа последна шанса, а јас бев тој што требаше да ја изврши таа задача. Не се освојува трофеј со ниту еден пенал, но тоа е тимска работа. Овој пенал беше шлаг на тортата. Сите ние го заслужуваме овој трофеј“.

Неверојатниот тимски дух им донесе титула, вели Екберг.

„Имаме неверојатен тимски дух и имаме таква верба во себе. Се бориме напорно, ние сме вистински тим, сега сакаме само да уживаме како тим“

ПретходноТрансферот е готов: Фенер го сели семејството на мега – талентот Дашмир Елези во Истанбул!
СледноЊукасл и Тотенхем со понуди: Караско до крајот на денот се сели во Премиер-лигата!