Почнаа проблемите со коронавирус во СЕХА-лига!

242

СЕХА-лига од година во година станува се помалку атрактивна. За разлика од минатите сезони, раководството одлучи новата сезона да почне дури во февруари. Македонија и овој пат ќе има двајца претставници, Вардар 1961 и Е.Пелистер.

На два дена пред почетокот на сезоната веќе почнаа проблемите со коронавирус. Дуелот меѓу Војводина и Мотор Запорожје кој требаше да се одигра на 2. февруари е одложен. Во таборот на украинскиот состав имаат позитивни случаи со Ковид-19, па целиот тим е во карантин.

Дуелот е одложен за 3. мај, претходно Мотор ќе биде домаќин (23. април).

Вардар првиот дуел го игра на 4. февруари против Нексе на домашен терен, додека Е.Пелистер три дена подоцна му гостува на Партизан.

ПретходноМилевски и Цапар гости на семинарот на ФС на Црна Гора во Анталија!
СледноДарвин Нуњез одби трансфер во Вест Хем кој можеше да стане клупски рекорд