Лацио објави нов играч – екс-репрезентативец на Зеленортските острови

188

Лацио го објави првиот зимски трансфер, а станува збор за крилниот фудбалер на Спортинг Лисабон Жован Кабрал. „Небесно-сините“ беа пасивни на трансферниот пазар, меѓутоа од друга страна не можеа да се „расфрлаат“ со пари. Ги испратија Денис Вавро во Копенхаген и Ведат Муриќи во Мајорка, па римскиот клуб отвори простор да се засили барем со еден играч.

А изборот падна на Кабрал од Спортинг по формула позајмица до крајот на сезоната, а потоа опција за откуп за 7 милиони евра и тригодишен договор.

Инаку 23-годишниот Кабрал одигра 17 натпревари оваа сезона или вкупно 707 минути со ефект од три гола и една асистенција. Тој има еден настап за Зеленортските острови во 2017 година, но не продолжи да игра за оваа репрезентација затоа што аплицирал за португалски пасош и се надева дека ќе може да заигра за Португалија.

ПретходноДва златни, два бронзени и еден сребрен медал за македонските сноубордери на меѓународен ФИС натпревар
СледноРаботнички и Симиќ се разделија