Барса го комплетира трансферот на Обамејанг, a Дембеле останува на „Ноу Камп“

560

Арсенал го ослободи, Барселона го прифати. Пјер-Емерик Обамејанг го напушти „Емирати“ и се пресели во редовите на Барселона и со тоа е комплетиран трансферот кој беше најавен пред неколку денови.

Африканскиот напаѓач вечерва се договорил со Барселона околу личните услови, а договорот е на шест месеци (до 30 јуни 2022) плус уште една година (до јуни 2023 година) со тоа што ако Барса не го продолжи договорот е обврзана да му исплати компензација на Габонецот. Значи не се работи за позајмица како што претходно се шпекулираше. Арсенал денеска го раскина договорот и тој како слободен фудбалер се сели на „Ноу Камп“. Тој дури прифатил помала плата за да отиде во Барса, а од друга страна Арсенал е среќен што се ослободил од неговата плата.

Обамејанг е петтиот нов играч на Барса оваа зима по Дани Алвес, Феран Торес,  Адама Траоре.

А паралелно со Обамејанг, Барселона го потврди и дефанзивецот Алфа Дионку кој дојде на позајмица од Гранада.

Да потсетиме клубот го напуштија Филипе Кутињо, Алекс Коладо, Ињаки Пења, Серхио Агуеро, Јусуф Демир, Илаикс Мориба.

А Осман Дембеле нема да оди никаде. Беше поврзуван со многу клубови но ниту еден не покажа желба да го ангажира. Барса очајно сакаше да се ослободи од него што побрзо, но никој не го побара. На крајот ќе остане на „Ноу Камп“.

ПретходноСинот на Паличка е хит: Татко ми не е најдобар голман, Ландин е подобар (ВИДЕО)
СледноГермански репрезентативец во дански Митјиланд