Полувреме: Башкими – Струга ТЛ 1:1, кумановци изненадија со одлична игра

61

Башкими – Струга ТЛ 1:1 по првите 45 минути од последниот меч од 9.коло во ПМФЛ кој се игра попладнево во Куманово. И тоа како интересно беше, посебно ако се знае дека Башкими одигра одлично, на моменти и го изненади фаворитот.

Гостите поведоа со голот на Диако во 26.минута, за да Ор осум минути подоцна успеа да израмни на 1:1.

Стружани имаа се заканија преку Бојку и Радески на почетокот од мечот, следуваа шансите на Ор, Стафа, Рибеиро, но голманот на гостите, Василев беше одличен на голот.

Во случај на победа тимот на Струга ТЛ ќе биде нов лидер на табелата, но Башкими игра добро, квалитетно, има и шанси. Сепак останува уште едно полувреме.

ПретходноРеал и Куртоа се договориле за продолжување на соработката
СледноЗверев e првиот германски тенисер во историјата кој годината ќе ја заврши како бр. 1