Францускиот ветеран од средниот ред на Салернитана, Франк Рибери, може предвреме да го раскине договорот со тимот и да ја заврши кариерата. Според дел од италијанските медиуми, Рибери кој дојде во Салернитана во септември 2021 година, веќе сериозно размислува за пензионирање.
Договорот на францускиот фудбалер со клубот е до крајот на тековната сезона. Оваа сезона, 38-годишниот фудбалер забележа 12 настапи во Серија А и реализираше 2 асистенции. Претходно имаше информации дека Франк Рибери би можел да ја продолжи кариерата во Турција, но пензионирањето е многу поверојатно.