На 39 години има нов клуб: Дефо потпиша за Сандерленд за да го врати во Чемпионшип

245

Поранешниот англиски репрезентативец Џермејн Дефо во последниот ден за зимски трансфери потпиша со еден од своите поранешни клубови, Сандерленд.

39-годишниот напаѓач ќе се обиде да му помогне на тимот да избори промоција во Чемпионшип. Дефо беше слободен агент по заминувањето од Ренџерс и чекаше добра понуда. Ветеранот играше за Сандерленд во периодот од 2015 до 2017 година и во тој период постигна вкупно 34 гола во Премиер лигата.

Во својата кариера, Дефо беше дел и од Вест Хем, Бурнемаут, Тотенхем, Портсмут и канадски Торонто.

По 29 кола во англиската Лига 1, Сандерленд е на третото место и има реални шанси да се врати во Чемпионшип лигата.

ПретходноФиналето на ЕП втор најгледан настан во Шведска
СледноХрватите му „подготвија“ отказ на селекторот: Од првиот меч се беше една голема импровизација