Сензација во Турција: Лев се враќа во Фенербахче

466

Од повеќе турски медиуми стигнува информација дека еден од најпопуларните фудбалски клубови Фенербахче ќе го добие за тренер германскиот стручњак Јоаким Лев. Претседателот Али Коч успеал да го убеди поранешниот германски селектор да ја преземе екипата и да се обиде да ја стабилизира и да ја врати на старите патеки.

Лев откако ја напушти репрезентацијата на Германија, во која работеше 15 години, си зема одмор со тоа што објави дека не размислува за нова работа. Но се чини дека сега 61-годишниот Германец се враќа на тренерскиот занает и ќе работи во Фенербахче.

Но Лев нема веднаш да седне на клупата на „канаринците“, туку на крајот на сезоната. Медиумите пишуваат дека Коч го прифатил бараниот буџет за засилувања, а Германецот ќе стави параф на тригодишен договор.

Лев го предводеше Фенер во сезоната 1998/99, но не се прослави затоа што во Европа испадна во првото коло, а во првенството ззаврши на третото место.

ПретходноСтрашно: Осман Дембеле – секој гол 5,7 милиони евра, секој меч 1,4 милиони евра!
СледноРоберто Карлос ќе игра за англиски клуб, трансферот e 5 фунти