Легендарниот бразилски бек Роберто Карлос повторно ќе игра фудбал и тоа со 48 години и тоа во англискиот нисколигаш „Тhe Bull in the Barne“.
Карлос, кој во текот на 24 годишната играчка кариера освои три титули во ЛШ како и СП со Бразил, а прифати да биде дел од хуманитарна акција и ги понуди своите услуги на лотарија која е одржана во Англија.
Екипата на „Тhe Bull in the Barne“ во кој играат момци од истоимениот паб во Шрузбери беше најсреќна. Влогот бил пет фунти, а го добиле Карлос на еден натпревар ово месец во локалната лига во која клубот го држи петтото место.
„Кога ми предложија да бидам дел од оваа хуманитарна акција, веднаш прифатив. Возбуден сум што ќе играм за овој клуб од Шрузбери и ќе бидам блиску до Бирмингем Сити, клубот за кого за малку ќе потпишев во деведесеттите години. Тренирав неколку денови и спремен сум. Се надевам дека и навивачите ќе бидат задоволни“, порача Карлос кој ја заврши професионалната кариера пред седум години.
Целиот приход од уплатата, како и попратните содржини ќе биде уплатена во организацијата “Football Beyond Borders”