Сари го напушта Лацио поради пасивноста на клубот во преодниот рок?

327

Според италијанскиот весник „Ил Месаџеро“, тренерот на Лацио Маурицио Сари е бесен на пасивноста на клубот во јануарскиот преоден рок. Тој е незадоволен од тоа како клубот одигра на трансферниот пазар па дури може и да го напушти клубот.

Првиот човек Клаудио Лотито размислуваше да го продолжи договорот на Сари, но по трансферниот преоден рок тренерското прашање повторно е наметнато. Сари сакал централен бек и еден дефанзивен играч за врска, како и да се донесе алтернатива на Чиро Имобиле откако косовскиот репрезентативец Ведат Муриќи беше испратен во Мајорка.

Ништо од барањата не беа исполнети. Лацио доби само крилниот фудбалер Жован Кабрал кој дојде од Спортинг Лисабон и тоа во последниот ден од преодниот рок.

Се работи за позајмица до крајот на сезоната со опција за откуп.

Некои други медиуми тврдат и дека 63-годишниот тренер веќе го информирал клубот дека нема да потпише нов договор ако клубот не биде активен во летниот преоден рок кој ќе почне на 1 јули.

ПретходноХРС донесе одлука: Хрвоје Хорват останува селектор на Хрватска
СледноЃоковиќ сепак ќе се вакцинира?