Валенсија го загуби дербито по продолжение, „седумка“ за Нено

143

Валенсија по голема борба и едно продолжение е поразена од Гран канарија во дербито во групата Б во рамките на Еврокупот. Двата тима одиграа фантастичен натпревар и на дело покажаа зошто се на врвот на табелата.

Тимот на македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ имаше шанса овој дуел да го реши на поинаков начин и да дојде триумф, во последната четвртина, до пред самиот крај имаше водство, но домаќинот успеа да израмни на 81-81.

Во продолжението Гран Канарија подобро влезе, на крајот успеа да слави со минимални 91-90.

Димитријевиќ беше стрелец на седум поени (1/5 за три, 2/5 за два поени), за 26. минути во игра додаде два скока, пет асистенции и две украдени топки.

Гран Канарија е лидер со скор од 9 победи и 2 порази, Валенсија има 8 победи и 4 порази.

ПретходноЃоковиќ сепак ќе се вакцинира?
СледноГолемиот Том Брејди објави крај на кариерата: Тоа беше лудо возење…