Онака како што играше и како што го освои спортскиот свет, така и си замина со максимално медиумско внимание. Големиот Том Брејди објави дека ја завршува кариерата и тоа само неколку часа откако демантираше дека размислува да стави крај на играњето во НФЛ лигата.
Брејди се премисли и објави дека ова е крај и се повлекува од најпопуларниот американски спорт. Тој со Њу Ингланд Петриотс освои шести титули во НФЛ (2001, 2003, 2004, 2014, 2016 и 2018) и уште три пати играше на Супер Боул (2007, 2011 и 2017).
Со Тампа Беј славеше една титула и тоа минатата година.
Притоа пет пати во кариерата ја освоуваше наградата за најкористен играч на Супер Боул, а притоа има три награди за МВП сезоната.
„Мојата кариера беше возбудливо и лудо возење, полна со подеми и падови. Имав привилегија да играм со и против големи играчи и тренери, колку нашето ривалство е длабоко токму какво што сакаме“, изјави 44-годишниот Брејди.
It was quite the ride.
Thank you and congratulations, @TomBrady. pic.twitter.com/0gPwUROEkz
— New England Patriots (@Patriots) February 1, 2022
Thank you, Tom. pic.twitter.com/7nXeIRaWLq
— New England Patriots (@Patriots) February 2, 2022