Со дуелот меѓу Куманово и МЗТ Скопје ќе биде отворено 15. коло во Првата лига, порано од предвидениот термин, причината е обврските на актуелниот македонски првак кон АБА 2-лига. Дарко Радуловиќ и неговите момци ги чекаат нови битки, овој пат во „балонот“ во Бања Лука.
За пресметката со Куманово, во составот на МЗТ Скопје ќе биде Американецот, Морис Кари, но не и Војдан Стојановски. Капитенот на македонската репрезентација најверојатно соето деби во „сино-белиот“ дрес ќе го има во Бања Лука. Тимот од Аеродром е на второто место на табелата во Првата лига, го брка врвот, кој му припаѓа на Пелистер.
И ова коло нема да се одигра комплетно, одложен е мечот меѓу Ангели и Феникс поради позитивни случаи на Ковид-19, како и мечот меѓу Работнички и Гостивар.
Утре силите ќе ги одмерат Кожув и Пелистер, МЗТ Скопје 2 и ТФТ играат на 6. овој месец, два дена подоцна ќе се сретнат Еуро Никел и Академија ФМП.










