Утре вечер се игра големото финале во ЛШ меѓу Манчестер Сити и Челзи. Се игра во Порто, на стадионот “Драгао“, а дел од фановите на двете англиски екипи се веќе во португалскиот град, па така синоќа си ги испробуваа мускулите. Имено имаше класична тепачка во центарот на градот, а запрепастените жители на Порто тоа немоќно го гледаа.
УЕФА дозволи на ова финале да има 16.500 гледачи, а двете екипи за своите фанови добија по 6.000 влезници.
Значи утре треба да има најмалку 12.000 англиски фанови по улиците на Порто, ова синоќа веројатно беше само увертира.
Desacatos entre adeptos do Manchester City e do Chelsea no Porto. #UCLfinal pic.twitter.com/CErUI7oQ7a
— olhaoquete2igo (@olhaoquete2igo) May 27, 2021