Е.Пелистер 2 со победа го отвори вториот дел од сезоната. Избраниците на Александар Јовиќ на домашен терен го запишаа 11. триумф во Супер-лигата, откако го совладаа Скопје со убедливи 37-26. Со новите бодови, Е.Пелистер 2 направи голем исчекор кон пласманот во плеј-офот, засега ја држи четвртата позиција на табелата, дали ќе направи чекор напред, зависи од Бутел Скопје.
Буторац со шест гола беше прв стрелец, пет постигна Митревски, по четири имаа Кузманоски, Анастасијевиќ и Арсеновски. Кај гостите Пешкирски имаше пет гола.

Гостите само еднаш поведоа на дуелот, со 2-3, по што следеше серија на битолскиот состав од 7-0 за предност од шест гола (9-3). На одморот беше 18-12.
Ракометарите на Е.Пелистер 2 немаа проблем ниту во продолжение, ја одржуваа позитивата, која изнесуваше и плус девет во голем дел, а на крајот беше и двоцифрена.
На другата страна Скопје го запиша 15. пораз оваа сезона и се наоѓа на претпоследното место на табелата.










