Брегалница го официјализираше Србинот!

516

Она што го најави СПОРТМЕДИА пред месец дена, денеска доби потврди. Поранешниот фудбалер на белградски Партизан и младински репрезентативец на Србија, Урош Дамњановиќ е најновото засилување на Брегалница за пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.

26-годишниот фудбалер ги мина подготовките со Брегалница во Анталија, постигнувајќи и два погодоци во победата од 3-0 против казахстанскиот шампион Тобол.

„Среќен сум што доаѓам во амбициозен клуб како Брегалница. Се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата на сите навивачи на клубот, во желбата и за постигнување на зацртаните цели во престојната сезона“, истакна Дамњановиќ по официјализирањето на договорот со нашиот клуб.

Урош Дамњановиќ потекнува од фудбалската школа на белградски Рад. Во својата кариера има настапувано и за Телеоптик, Партизан, Раднички Ниш и Радник во Србија, како и за словачкиот шампион Слован Братислава.

ПретходноЕ.Пелистер 2 ита кон плеј-офот, без проблем против Скопје!
СледноБарселона го избриша Дани Алвес за Европската лига!