Дурански и официјално кај Рамадан во Егнатиа!

641

Филип Дурански, искусниот играч за врска од денеска и официјално е ново име во редовите на Егнатиа, прволигашки клуб од Албанија. Тим на кој што е тренер нашиот стратег Зекирија Рамадан.

Во известувањето од страна на клубот, во кој што е промовиран 30-годишниот Македонец се вели дека Егнатиа успеала да ангажира квалитетен фудбалер кој некогаш играл за екипата на Славија Прага, а последен клуб му бил Севан од Ерменија. Од него се очекува и тоа како да го засили средниот ред на тимот на Зеко Рамадан.

ПретходноПандев: Буфон ми рече „Сега барем нема да ми даваш голови“
СледноОва е документот со кој ЕХФ го суспендираше Металург