На ден пред официјалното отворање на ЗОИ во Пекинг, веќе започнаа дел од натпреварите на екипните турнири. Утрово започна женскиот олимписки турнир во хокеј на мраз, каде домашната репрезентација Кина, успеа да го постигне својот прв историски гол на зимските олимпијади.
Кина загуби со 3:1 на мечот со Чешка, но во 30. минута од натпреварот кинеската хокеарка Ле Ми го постигна првиот гол во историјата на Кина на Олимписките игри.
Интересно е што Ле Ми е всушност натурализирана хокеарка во кинескиот тим, а нејзиното вистинско име е Хана Милер. Хана е само една од големиот број натурализирани хокеарки во кинескиот тим.