Бесплатна замена на дресот на Гринвуд

405

Од таборот на Манчестер Јунајтед денеска ги обавестија своите навивачи дека слободно можат да ги посетат продавниците каде што се продаваат навивачките реквизити на клубот и доколку сакаат да го заменат нивниот веќе купен дрес со името на Мејсон Гринвуд и со дрес од некој од другите играчи.

Оваа одлука секако дека се базира врз последните случувања со младиот играч кој е обвинет за силување, сексуален напад и насилно однесување кон својата девојка, за што му е одреден и притвор.

Тој е во сериозни проблеми, клубот го суспендираше, не му овозможи правна помош, и го очекува мачно судење.

Од друга страна пан „Најк“ како компанија одлучи да му го откаже спонзорството на играчот, што реално во моментов е негов најмал проблем.

REUTERS/Phil Noble
ПретходноПелистер ја освои и Гевгелија за перфектни „14 од 14“
СледноЕуро Никел ги искористи сите грешки на ТФТ и успеа да го победи!