Обамејанг: Барселона е шансата за мојот живот, едвај чекам да се разбудам наутро

173

Пјер Емерик Обамејанг од денеска и официјално е нов играч на тимот на Барселона. Искусниот, 32. годишен напаѓач, како слободен играч пристигна на Ноу Камп откако Арсенал му го раскина договорот.

„Барса е шансата за мојот живот. Едвај чекам да се разбудам наутро. Како дете сонував да играм во Шпанија. Не размислував 2 минути откако дојде понудата“, рече напаѓачот. 

„Не сум играл некое време, но се ми е јасно во главата. Наскоро ќе бидам подготвен да помогнам и полека да се вратам на врвот. За мене сега е шанса да ја освојам Лигата на шампионите бидејќи никогаш не сум го направил тоа. Барса мора да го освои турнирот бидејќи е голем клуб и затоа сум тука. Мораме да направиме се за да се вратиме на турнирот и да триумфираме“, инспириран е репрезентативецот на Габон. 

ПретходноТСЦ Бачка Топола се пофали со Мартин Мирчевски
СледноДавид Дејвис: Вардар го чека тежок меч со Нексе!