Давид Дејвис: Вардар го чека тежок меч со Нексе!

199

Утре во 18 часот во “Јане Сандански“ во Скопје, Вардар во меч од СЕХА лигата го очекува натпревар со Нексе. Силен тим достоен за секаков респект. Со ова се сложува и тренерот Давид Дејвис, на кого ова ќе му прв меч како стратег на вардарци.

Подготовките во јануари беа одработени што се вели со половина тим. Само за да се направи генерален план што се вели систем за играње. Вчера не игравме против Металург, а утре се среќаваме со Нексе. Имавме видеоанализа, немавме многу време за детални подготовки за овој меч. Еве Гаџа, Валчак и Чувара кои играа на ЕП со нас одработија само два тренинга“ вели Дејвис и продолжува…

Нексе е многу добра екипа, со добар тренер, со играчи кои играат долго време заедно. Како за прв мој меч не е идеално но што е тука е. Ќе видиме како утре тоа ќе изгледа“ заврши тренерот на Вардар.

May be an image of 5 people and text

ПретходноОбамејанг: Барселона е шансата за мојот живот, едвај чекам да се разбудам наутро
СледноЛина ја победи Керкове и се пласира во 1/4 финалето во Манакор!