Фудбалерот на Баерн Томас Милер даде интересен коментар околу наводниот интерес на „баварците“ за норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд. Во интервју за „Билд“, 32-годишниот фудбалер на Берн зборуваше за Халанд кој е интересен за клубови како Барселона, Реал Мадрид но и Баерн.
„Дали сакаш да го „храниш“ Халанд со своите асистенции?“, го прашаа Милер, а тој одговори:
„Повеќе сакам да ги хранам своите коњи и зајаци“.
Со тоа Милер застана на страната на Левандовски кој исто така не го сака Халанд во Баерн.