Во понеделникот го потпишаа новиот играч, а во четврток решија да го избркаат

448

Шкотскиот второлигаш Рејт Роверт објави дека направил голема грешка со ангажманот на Дејвид Гудвили и нема да ги користи услугите на поранешниот репрезентативец на Шкотска. Причината е грев на фудбалерот од минатото.

Гудвили и негов поранешен соиграч во Данди Јунајтед Дејвид Робертсон беа прогласени за виновни во граѓанскиот суд по обвинение за силување на жена во 2011 година и осудени да и платат отштета од 100.000 фунти. Против двајцата не беше водено криминално дело поради недостиг на докази, а Гудвили тврдеше дека жената доброволно сакала секс со двајцата.

Рејт го потпиша Гудвили во понеделникот од тимот на Клајд, а договорот му е до крајот на сезоната 2023/24 меѓутоа сега размислува да го прекине поради острите реакции на фановите како и на финансиерите.

Направивме грешка. Бевме сконцентрирани на фудбалските квалитети и не обрнавме внимание на другата страна. А се покажа дека неговиот чин од минатото предизвика револт кај симпатизерите и навивачите на клубот. Го чувме мислењето на фановите и сме благодарни на реакцијата. Ова нека ни биде поука. Сакаме да ги исправиме работите. Потврдуваме дека фудбалерот нема да игра за Рејт Роверс и ќе преговараме со него да го раскинеме договорот“, изјавија од клубот.

Авторката на криминални романи Ван Макдермид се повлече од финансирање на клубот после ангажманот на Гудуили, а капитенот на женскиот тим Тајлер Ратреј одби да игра во знак на протест.

ПретходноБетис го разнесе Сосиедад и се пласира во 1/2 финалето на Купот
Следно„Зијеш е затворена страница за националниот тим, него не може да му се верува“