Екипата на Бетис е првиот полуфиналист на Купот на Шпанија откако вечерва во Сан Себастијан славеше убедлива победа со 4:0 над Сосиедад. „Зелено-белите“ од Севиља сезонава играат одлично во шпанскиот шампионат, а ете добрите настапи се преточија и во Купот.
Со голот на Хуанми во 12. минута Бетис поведе, а во 39. минута голот на Јанузај за изедначувае беше поништен поради офсајд.
Само што почна вториот дел Хуанми повторно ја погоди мрежата на домашните. Во 83 минута Вилијан Хозе од пенал зголеми на 3:0. Вилијан инаку е поранешен играч на Сосиедад (143 настапи и 52 гола во Ла Лига). Точка стави Руибал во 87 минута.
Бетис во полуфиналето ќе игра со подобриот од Атлетик Билбао и Реал Мадрид.
ВО другото полуфинале ќе играат Рајо Ваљекано и Валенсија.