ЕВРОЛИГА: Фенер славеше во Милано, ќотек го одбележа мечот

1666

Во Евролигата се одиграа четири натпревари. Црвена Звезда на домашен терен доживеа пораз од Монако 80:91 иако на полувреме водеше со 13 поени разлика. Во вториот дел тотално потонаа и на противникот му дозволија да слави победа.

Во Милано се соочија Олимпија и Фенербахче. Турција победија со 71:60, а во еден момент од мечот се спречкаа играчите на двата тима. И тренерите на двата тима Ѓорѓевиќ и Месина имаа што да си кажат, а притоа се жалеа на судиите.

Сепак, мечот продолжи и Фенер славеше победа.

Баерн дома го победи Макаби со 70:52, а Барселона славеше убедливо против Панатинаикос 86:60.

ПретходноКамерун во солзи, Египет се пласира во финалето на Африканскиот куп
СледноШок за Реал – прими гол во 89. минута и испадна од Купот! (видео)