Горан Симов: Најверојатно нема да го водам Силекс во втора лига!

2441

Се чини дека по 2,5 години, Горан Симов повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Силекс. Откако некогашниот голман на кратовци, Вардар, Македонија ЃП, седна на клупата на Силекс, овој тим играше во квалификациите во ЛШ, лани беше втор, пред Шкендија во првенството, оваа сезона го освои Купот на Македонија, го однесе одново во Европа, но затоа оваа сезона неговиот состав испадна од елитната лига на Македонија.

На директното прашање на СПОРТМЕДИА, дали Горан Симов ќе го води Силекс и во наредната сезона, прво ова лето во Европа, а потоа и во втора лига – запад, тој одговори:

Искрено, најверојатно нема да го водам Силекс во втората лига. Не сум запознаен со тоа дали ми истекува договорот. Сепак треба да се видам, да се слушнам со раководството на клубот, па дури потоа ќе бидам дециден. Реков дека според мене најверојатно јас нема да бидам веќе тренер на Силекс. Но, ајде да оставиме неколку дена. Имено сите сме во шок после се она што се случи во баражот во вторникот“ заклучи Симов.

ПретходноМирко Радовиќ го продолжи договорот со Е. Пелистер
СледноОд утре во продажба: Македонија – Словенија за 300 денари на „Јужна“