Тоа е Лампард: Играч на Евертон казнет зошто ги врзувал врвките!

702

Френк Лампард само што седна на клупата на Евертон, веднаш воведе строга дисциплина кај “карамелите“. Некогашниот супер – стар на Челзи и репрезентацијата на Англија, екс- стратег на “сините“ од Лондон, покажува веднаш кој е шеф на „Гудисон“. Имено како што известуваат медиумите на Островот, тој парично казнил играч на Евертон затоа што среде тренинг ги врзал одврзаните врвки на своите копачки.

Тоа е веројатно најскапото врзување на врвките во историјата“ вели еден неименуван извор од Евертон.

Инаку Лампард го одреди списокот со парични казни.

Доцнење на тренинг е 1.000 фунти, користење на мобилен за време на состанок – 2.000 фунти, додека избегнување на враќање со екипата после натпревар- 5.000 фунти.

Нема шега со овој Лампард…

Интересно за крај. Сите казнети играчи мора да го донесат кешот кај Лампард, а потоа тој ги уплаќа тие пари во добротворни цели.

ПретходноИ Тиквеш остана без “генералка“, Победа откажа во последен момент!
СледноГолеада под Шара: Ренова го победи Тетекс со 4:2, Шефити со хет-трик!