Аврамовски дефинитивно заминува во Сараево

420

Нема повеќе дилеми, Даниел Аврамовски ќе го засили тимот на Сараево, и ќе стане соиграч на нашиот Крсте Велкоски. Односно, се приклучува на тимот каде што од зимава е тренер Александар Васоски, и кој одлучи ете, како прво големо засилување во неговиот мандат да биде токму нашиот репрезентативец. Според информациите на Спортмедиа Аврамовски веќе во следните ден два, треба да се појави на подотовките на новиот тим кој во моментов се наоѓа во Анталиија.

Аврамовски е шест месеци без клуб откако си замина уште летоска од турскиот тим Кајсери, и дури сега се приклучува на нова средина.

Сараево сега ќе има сериозно Македонско влијание со оглед на релацијата Васоски – Велкоски – Аврамовски, а ќе видиме напролет како сето тоа ќе функционира. Од друга страна пак, доколку Аврамовски ја има минутажата и улогата за која што е доведен, тогаш тој авотматски ќе го рестартира и својот репрезентативен статус.

 

ПретходноГолеада под Шара: Ренова го победи Тетекс со 4:2, Шефити со хет-трик!
СледноФеникс доведе уште еден бек од САД