Кошаркарскиот прволигаш Феникс, не престанува деновиве да се засилува и тоа исклучиво со интернационалци од САД.
Предмалку од клубот објавија дека се посилни за Џош Вилијамс кој игра на бековската позиција. Вилијамс во моментов има 25 години, а колеџ кариера ја помина на Универзитетот Роберт Морис. Ова за него ќе биде прво интернационално искуство.
Во последната сезона во НЦАА лигата тој забележал просек од 13.5 поени, 4.3 скока и 2.5 асистенции по натпревар.