Словенката Урша Богатај е освојувач на златниот медал во женски ски скокови на Зимските олимписки игри во Пекинг. Таа на изненадување на светската јавност имаше два одлични скока и заслужено се најде на врвот на пиедесталот, а за среќата на Словенците да биде уште поголема на третото место се најде уште една нивна репрезентативка, Ника Крижнар.
Првиот фаворит за освојувањето на златниот медал, и водечка по првата серија, Германката Катарина Алтхаус не успеа во втората серија да го идржи притисокот па заврши како втора.
Фото: Guliverimage