Малку кој очекуваше дека тимот на Челзи ќе има огромен проблем попладнево во рамките од ФА купот на домашен терен да го солада нисколигашот Плимут. Сепак, токму тоа се случи денеска во Лондон, Челзи дури по продолженијата успеа да слави со 2:1, и да се пласира во петтата рунда од ова натпреварување.
Како што тоа бива, гостите мотивирани влегоа на овој меч и поведоа преку Гилеспи. Израмни Аспиликуета пред паузата, и кога се очекуваше Челзи да издоминира во вториот дел сепак, тоа не се случи. Гостите издржаа до продолженијата во кои сепак, Маркус Алонсо обезбеди триумф за домашните и ги спаси од срам.