Дерби натпреварот од 21. коло на германската Бундеслига донесе пет гола, возбудлив фудбал и на крајот победа на шампионот. Баерн (М) славеше со 3:2 над Лајпциг во меч во кој гостите двапати успеваа да израмнат, а имаа шанси и за трет гол.
Баварците поведоа во 12. минута со голот на Милер, а потоа имаа повеќе шанси кои не ги искористија. Гостите ја искористија првата вистинска шанса и Силва во 27. минута погоди за 1:1. Нова радост за домашните играчи и навивачи обезбеди Левандовски со гол за 2:1 во 44. минута, за во продолжението на дуелот Лајпциг во 53. Минута преку Нкукнку да погоди за за 2:2.
Пет минути подоцна невниманието на Гвардиол, кој си постигна автогол беше клучен момент на мечот за 3:2 и победа за Баварците.
Standings provided by SofaScore LiveScore