КМФ Проект го доби футсал супер-дербито против Шкупи

954

Актуелниот шампион во Првата футсал лига на Македонија, КМФ Проект вечерва славеше со 3:1 во големото дерби на првото пролетно коло од шампионатот и тоа против директниот конкурент за титулата, Шкупи. На дуелот во Гевгелија, КМФ Проект успеа да извојува посакувана победа против лидерот на табелата по првите 12 кола.

Шкупи имаше само три бода предност пред КФМ Проект, пред се поради победата на натпреварот во Скопје кој заврши со 1:0 за чаирчани. Со овој триумф шампионот се враќа на делба на првата позиција.

ПретходноДел Потро најави пензионирање: Ова е една од најтешките одлуки
СледноФилмски кам-бек на Камерун и победа на пенали за 3. место во Купот на африкански нации (ВИДЕО)