Нов Зеланд го слави првото олимписко злато, поради силниот ветар одложен машкиот спуст

116

Зои Синот Садовски освои златен медал на Зимските олимписки игри во Пекинг. Оваа 20-годишната сноубордерката на својата земја, Нов Зеланд и го донесе првото одличје на Игрите.

Во финалната рунда во дисциплината „слоупстајл“ успеа да постави најдобар резултат, освои 92.88 поени и од првото место ја симна Американката Џулија Марино со 87.68 поени. Бронзениот медал и припадна на Австралијанката, Тес Коуди со 84.15 поени.

„Ова што се случи е нестварно. Горда сум на она што го направив. Верувам дека и во мојата земја се горди и сите го слават златниот медал. Дадов се од себе во последната рунда“, изјави Садовски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Olympic Games (@olympics)

Трката на машкиот спуст на Зимските олимписки игри со кои требаше да стартуваат натпреварите во алпско скиајње е одложена. Причината е силниот ветер кој веќе втор ден е на борилиштата во Пекинг.

ПретходноЛеброн се врати, Лејкерси го преживеаја најлошиот меч на Вестбрук (ВИДЕО)
СледноОд Мадрид откриваат дека Меси не е среќен во Париз!