Реал Мадрид се соочи со бројни повреди во изминатиот период. Најпогоден од напаѓачкиот дел од тимот, ги нема Бензема и Дијаз, па од класичен напажач на Карло Анчелоти му остана само Лука Јовиќ.
Реал Мадрид се соочи со бројни повреди во изминатиот период. Најпогоден од напаѓачкиот дел од тимот, ги нема Бензема и Дијаз, па од класичен напажач на Карло Анчелоти му остана само Лука Јовиќ.
Поради ова искусниот стратег за дуелот со Гранада одлучи да земе играч од вториот тим на Реал.
Шанса за настап на вечерашната средба ќе чека Хуанми Латаса, дете од мадридскиот тим. 20-годишниот фудбалер ќе чека шанса да дебитира за првиот состав.
Ова момче го носи епитетот чиста „деветка“. Неговото присуство во шеснаесетникот е секогаш опипливо и тој е главен играч на Кастилја оваа сезона. Одигра 16 натпревари, а постигна шест гола.