Тимот на Каљари на гостински терен предмалку направи мини сезнација совладувајќи го тимот на Аталанта со 1:2, на отворањето на денешната програма во Серија А.
Иако се очекуваше лесен триумф на фаворитот, тоа не само што не се случу туку гостите на овој меч го зедоа целиот плен со себе. И тоа благодарение на интернационалецот од Уругвај, Гастон Переиро кој погоди на два пати. Најпрво во 50. минута, за да Паломино израмни во 64. минутам но Переиро по четири минути повторно ги доведе гостите во водство. Ова значеше подоцна и конечен триумф за Каљари и освојување на и тоа како важни бодови сезонава и бегање од зоната за испаѓање.
Каљари стигна до 20. бод сезонава, и 16. позиција на табелата додека пак Аталанта остана на досегашните 43. бода и четврто место засега.