Она што беше најавувано како реална опција полека но сигурно добива потврда.
Серхио Кун Агуеро во следниот период ќе го носи дресот на Барселона. Според информациите кои пристигнуваат тој веќе постигнал усен, и потпишал пред договор со Каталонците, а откако ќе помине финалето од Лигата на Шампионите во кое настапува неговиот досегашен клуб, Манчестер Сити, ќе биде и официјално претставен на Ноу Камп.
Агуеро ќе биде првото официјално засилување за Барселона летово, и ќе биде дел од реконструкцијата на тимот која ја најави старо новиот претседател Лапорта.