Ненад Димитријевиќ и Валенсија одиграа неверојатен натпревар, на гостински терен славеа против Реал Мадрид со 93-94 во рамките на 21. коло во Ендеса Лига.
Тимот на македонскиот репрезентативец му го нанесе четвртиот пораз на лидерот во ова натпреварување. Валенсија и Реал во првата четвртина постигнаа 61 поен, гостите беа за нијанса подобри по првото полувреме (48-53), откако во овој период имаа и позитива од седум поени.
По одморот Валенсија имаше и двоцифрени 50-63, но домашниот состав успеа да дојде во егал завршница, но не и да победи. Љуљ со тројка доближи на 93-94, веќе немаше време за нешто повеќе.
За Димитријевиќ и неговите соиграчи кои се на четвртото место на табелата ова беше 12. победа. Во триумфот на својот тим Нено постигна десет поени (4/7 за два поени, 2/2 за еден поен), два скока и пет асистенции, сето ова за 23. минути во игра.
Риверо и Препелиќ беа лидери кај гостите, двајцата имаа по 16 поени. На другата страна Љуљ имаше 17 поени.