Хабиб јасно кажа кого сака да види на клупата на Реал!

808

Зинедин Зидан е веќе само убаво минато за Реал Мадрид. Човекот кој на “кралевите“ им донесе голем број трофеи не е веќе на клупата на најголемиот клуб во светот.

За негов наследник се споменуваат неколку имиња, а едно од тие е и Антонио Конте кој до завчера беше шефот во Интер, со кого го освои Скудетото на така доминантен начин.

Фановите на Реал Мадрид сметаат дека Конте би било идеално решение, а исто тоа го смета и Хабиб Нурмагомедов, светската ѕвезда во ММА, кој е голем навивач на Реал Мадрид.

Дагестанецот на својот Твитер профил јавно и јасно кажа дека Конте е решението за клупата на Реал Мадрид.

ПретходноСимиќ ги одбра кошаркарите до 20 години за ФИБА Челинџерс 2021
СледноШевченко ја остави репрезентацијата на Украина и замина да гледа финале на ЛШ