Влаховиќ и Закарија дебитираа со голови во победата на Јувентус (видео)

436

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ постигна гол во првиот натпревар во дресот на Јувентус во победата над Верона во 24. коло на Серија А. Тренерот Макс Алегри го пушти Влаховиќ во игра уште од првата минута, а веќе во 13-тата реализираше погодок.

Тоа беше лоб удар и 18-ти гол за српскиот репрезентативец сезонава во најсилното италијанско друштво.

Во второто полувреме и другиот нов играч Денис Закарија стрелаше прецизно со што ја запечати победата од 2:0.

Јувентус е четвртопласиран на табелата со 45 бода (13 победи), Верона е на деветтото место со 33 бода.

ГОЛОТ НА ВЛАХОВИЌ ОВДЕ

ГОЛОТ НА ЗАКАРИЈА ОВДЕ

ПретходноЗагина млад фудбалер во Хрватска
СледноАврамовски го одбра дресот со број 24 во Сараево