Македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски е нов играч на Сараево, двете страни се договорија и остана само уште лекарскиот преглед и соработката да биде официјализирана. Аврамовски и се приклучил на екипата на подготовските на Сараево во Анталија и тој го одбрал дресот со број 24 кој го носеше и во репрезентацијата на Македонија.
Инаку тој ќе биде петтото засилување за Сараево во овој преоден рок и ќе соработува со тренерот Александар Васоски и со поранешниот репрезентативец Крсте Велкоски.
Аврамовски шест месеци беше без клуб откако си замина уште летоска од турскиот тим Кајсер, а претходно играше и за Вардар, Македонија ЃП, Работнички, Црвена Звезда, Олимпија, ОФК Белград, Војводина…