Трето злато за Кина: Гу е нова олимписка шампионка во Биг-Ер (ВИДЕО)

100

Кинеската скијачка Ајлин Гу ја освои титулата во слободно скијање во дисциплината Биг Ер на Зимските олимписки игри во Пекинг. Таа утрово ја победи конкуенцијата предводена од Французинката Тес Ледо и Швајцарката Матилде Жермо кои исто така се искачија на победничкиот подиум.

18-годишната Гу родена во САД, со одличен настап во третата серија стигна до златото, со што од третата позиција се искачи на првата, славејќи со 188,25 поени, 0,75 повеќе од главниот фаворит Ледо, инаку трикратна победничка на X-Games.

Ова е веќе трет златен медал за домаќините на Зимските олимписки игри во Пекинг, што во моментов ја става Кина на врвот на листата на освојувачи на медали.

ПретходноСеријата победи продолжува: Голден Стејт славеше и деветтипат во низа
СледноДаглас Коста стигна во САД, денеска потпишува за ЛА Галакси