Даглас Коста стигна во САД, денеска потпишува за ЛА Галакси

151

Крилниот напаѓач на Гремио, Даглас Коста отпатува во САД за да го официјализира трансферот во Лос Анџелес Галакси. Коста денеска ќе потпише договор со американскиот клуб, а зделката ќе биде објавена во скоро време.

Претходно беше објавено дека 31-годишниот фудбалер ќе биде позајмен до крајот на сезоната, а потоа му истекува договорот со Гремио. Коста потоа би потпишал со Лос Анџелес Галакси на две години.

Во бразилското првенство кое заврши, играчот од средниот ред одигра 26 натпревари, постигна три гола и реализираше две асистенции. На крајот на сезоната, Гремио не успеа да ја задржи дозволата за престој во највисоката дивизија и клубот испадна во бразилската Серија Б.

ПретходноТрето злато за Кина: Гу е нова олимписка шампионка во Биг-Ер (ВИДЕО)
СледноЗОИ 2022: Австриецот Карл и Чешката сноубордерка Ледецка со злато во паралел велеслалом