Шведска го освои бронзениот медал на Олимпискиот турнир во карлинг во мешани тимови откако денеска ја совлада Британија во малото финале со 9:3.
Британците Брус Мут и Џенифер Додс го освоија првиот поен во првата завршница, но потоа Швеѓаните Оскар Ериксон и Алмида де Вал беа речиси беспрекорни и постигнаа девет последователни поени за пресврт на натпреварот.
Последната битка за титулата е денеска по 13 часот, а во неа за златото ќе се борат мешаните состави на Норвешка и Италија.