Вардар 1961 на поправен во Нови Сад против тимот кој лани го „растури“!

186

Вардар 1961 не ја почна сезоната во СЕХА-лига како што посакуваше, на домашен терен беше совладан од Нексе во драматична завршница. Ракометарите на македонскиот првак не изгледаа добро ниту по вкусот на навивачите, ниту пак по вкусот на Давид Дејвис, кој треба од овој состав да го извади максимумот.

Денеска „црвено-црните“ ќе имаат шанса за поправен. Во згуснатиот распоред на ред е дуелот со Војводина (17:30 часот) во Нови Сад. Станува збор за добро познат противник, со кого Вардар 1961 долга историја на пресметки во регионалното натпреварување.

Последената пресметка им буди лоши сеќавања на ракометарите на македонскиот тим, во еден поинаков состав, со дел од искусните играчи, Вардар 1961 токму на гостински терен беше убедливо совладан со 33-24. Па сето ова треба да биде предупредување за момците на Дејвис дека ќе мораат да останат фокусирани 100% доколку сакаат да ја запишат првата победа во СЕХА-лига.

Јасно е дека мора играме многу подобро отколку со Нексе. Ние ги знаеме добрите страни на Војводина, која кога игра дома е опасен тим. Таму игра Прибак кој добро ја води својата екипа. Имаат добар голман. Одиме чекор по чекор, од меч во меч напредуваме, сметам дека полека како да им “влегува“ на играчите во главите како треба да играат“, го најави мечот Давид Дејвис. 

ПретходноФранција му се израдува на првото злато на ЗОИ во Пекинг
СледноИнзаги не се надеваше на ваков потег!