Во последниве неколку часа се дигна преголема врева околу тоа кој, дали и колку дели билети за мечевите на Макеодонија на ЕП. Социјалните мрежи вријат од коментари и препукувања по исвесните шпекулации дека директорот на ФК Шкупи Омер Буњаку е оној кој е одговорен за билетите и навивачите кои ќе заминат да ја бодрат репрезентацијата на Македонија во Букурешт на мечевите против Австрија односно Украина.
Спортмедиа директно го контактираше Буњаку, за да нема недоразбирања и дополнителни шпекулации, и го побара неговиот став.
„Немам никаква врска со билетите. Моето име беспотребно е ставено само да за да се создаде негативна енергија. И тоа кога? Пред настап на ЕП на Македонија. Не знам навистина зошто е сето ова направено. Ниту имам карти во посед ниту имам некаква врска со тоа верувајте. Навистина не знам зошто токму јас сум ставен во ова, но ја уверувам јавноста дека нема ни трошка вистина во тоа. И со посакувам на Макеоднија голем успех на ЕП и стигнеме до финале“ – вели Буњаку за Спортмедиа.
Фејк информациите доведоа до ова денеска да се создаде навистина негативна атмосфера пред самиот настан. Чие дело е ова не знаеме но навистина не ни е потребно. На место да се радуваме сите на она што следува, јавноста беспотребно се преполни со шпекулации и реално неточни информации.
Сите сакаат да ја гледаат Македонија во живо во Букурешт но реалната ситуација за жал не го дозволува тоа. Доделени ни се лимитиран број на билети пред се поради ковид протоколите и оние кои ќе ја имат таа среќа да стигнат до тоа драгоцено парче хартија треба да се горди и со срце да ја бодрат нашата репрезентација.