Според информациите на познатиот новинар, Фабрицио Романо, легендарниот фудбалер за брзо време ќе потпише нов, едногодишен договор со Реал Мадрид.
„Новиот договор меѓу Лука Модриќ и Реал Мадрид е само прашање на време. Истиот ќе биде наскоро продолжен. Тој е незаменлив фактор во плановите на Анчелоти“, пиша Романо.
Модриќ ќе добие нов едногодишен договор, но со многу помала заработувачка од неговиот актуелен договор.
Лука одамна се согласи на помала плата која изнесува околу 15 милиони евра, сега ќе заработува многу помалку.
Тој е член на Реал веќе десет години, дојде од Тотенхем и со „кралскиот“ тим освои се што можеше.