Вардар 1961 ја запиша првата победа оваа сезона во СЕХА-лига, прва во 2022 година. Македонскиот првак на гостувањето кај Војводина славеше со 16-26 во рамките на 2. коло во регионалното натпреварување.
„Црвено-црните“ одиграа на нивото кое им прилега, многу поразлично од она против Нексе, па токму затоа на крајот победата беше убедлива.
Вардар поведе уште на стартот, со добра одбрана и реализација во нападот го градеше водството. По 9-11 на одморот, тргна серијата на македонскиот тим, отвори со 2-10, па во 48, минута беше 11-22. Ова беше крајот на сите надежи дека Војводина по вторпат ќе може да слави во Нови Сад.
Прво име во редовите на македонскиот првак беше Тимур Дибиров постигна седум гола, три од седум метри, зад него беше Оливие Њокас со четири погодоци. На голот не беше Борко Ристовски, покрај Томовски шанса доби и Гогов, кој одбрани два седмерци. Двајцата на крајот заедно имаа седум одбрани.