Сликичка на Кристијано Роналдо продадена за 60.000 фунти

187

Пасионираните колекционери за сликички од фудбалери потајно знаат колку нивните колекции за неколку децении ќе вредат далеку повеќе одколку што се во суштина платени, но понекогаш истите во зависност од нивната реткост чинат вистинско богатство.

Како на пример онаа сликичка на Кристијано Роналдо од неговата прва сезона како профериосналец во редовите на Спортинг Лисабон. Од неа се останати десетина што се во перфектна состојба па како таква една од нив деновиве на аукција е продадена за неверојатно 60.000 фунти.

Серијата на Панини била испечатена во Италија специјално за потребите на Португалската федерација за сезоната 2002 година, на која Кристијано Роналдо се појавува за прв пат. Секако, сликичката веројатно била двојник затоа е и толку вредна затоа што не е залепена во албумот за таа сезона, туку е во перфњектна состојба.

ПретходноПалмеирас е финалист на Светското клупско (видео)
СледноЗијеш: Селекторот лаже, но нема врска… нема повеќе да играм за националниот тим