Гвардиола: Ќе ги казнам играчите затоа што не е викнаа во ноќен клуб

776

На социјалните мрежи викендов се појавија снимки на фудбалерите на Манчестер Сити Џек Грилиш, Кајл Вокер и Ријад Марез во ноќен провод во Манчестер. Гвардиола бил прашан околу тоа и дали планира да ги казни играчите затоа што наводно се опиле. Се пишувало дека на Грилиш му било забрането да влезе во еден ноќен клуб затоа што бил „дрво пијан“.Шпанецот ги отфрли тие информации.

Ќе ги казнам. Да, да, ќе ги казнам затоа што сум изнервиран. Изнервиран сум затоа што не ме викнаа, а тоа не ми се допаѓа“, вели иронично Гвардиола.

„Фудбалерите знаат дека преземаат ризик кога одат по ноќни клубови бидејќи постојат социјални мрежи, меѓутоа сите беа совршени. Но ќе повторам, ќе бидат казнети затоа што не ме викнаа“, изјави Гвардиола.

ПретходноДејвис и Џукиќ едногласни: Важна победа за Вардар во „пеколниот“ февруари
СледноKaко би го искоментирале ова? (видео)